КОАЛИЦИЈА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ,,МЕНУВАМЕ” СО АПЕЛ ДА НЕ СЕ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ВО ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ

0
1178

Апел до политичките партии Деновиве ,како што гледаме ,одредени ликови т.е родители на деца со попреченост го актуелизираат прашањето за правата на родителите на децата со попреченост Коалицијата ,,Менуваме”упатува апел до Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп ,без разлика дали ке остане во постоечкиот состав или после изборите ке бидат други членови,исто така упатуваме апел и до политичките лидери,нивните претставници да не ги прифаќаат барањата на родителите на деца со попреченост.

Зошто? Цениме,дека потписите во предизбирна кампања ке бидат злоупотребени т.е иницијативата на Г-ѓата Маргарита Милошеска има партиска позадина која сака истата да ја повтори со иницијативата ,,5до12″.Имено,потписите немат значење бидејки не се собираат преку ДИК.Бидејки потписите не се преку ДИК истите нивни барања не можат да се преточат во промена на ЗТСП.

Она што сакаме да го потенцираме е,дека Република Македонија уште во 2011 ја ратификуваше Конвенцијата(КПЛХ)и истата е влезена во Устав ,член 124 ,со тоа се обрзува за нејзино имплементирање.Согласно последните препораки од КПЛХ на ОН,децидно вели,, државата го става фокусот на лицето со попреченост или детето’ што ке значи НИКАКО НА РОДИТЕЛОТ.

Знаеме низ што поминуваат родителите и нам ни се познати нивните проблеми,но исто така велиме,,барајте права за вашето дете а не за вас” бидејки вашето дете е со попреченост.Исто така во КПЛХ ,а дел од Устав,чл.124 вели,Родителите можат да ги барат правата на своите деца исклучиво преку нивните претставници а тоа се здруженијата во кои претседатели се исклучиво лица со хендикеп Затоа апелираме до политичарите,да не ги прифатат овие барања на родителите (очигледно повеќе бараат права за нив отколку за своите деца со попреченост).

Доколку политичките партии ги прифатат барањата на родителите и потписите (обичен лист хартија,без вредност ,бидејки не се преку ДИК) ке го толкуваме како предизбирна манипулација но и кршење на КПЛХ која е дел Уставот чл.124 Коалицијата Менуваме,жестоко ке се спротистави на овие манипулации ,кои алудираат и на веројатноста позади оваа иницијатива да стои и некоја политичка партија со цел -глас повеќе.Ги замолуваме родителите, да ја проучат КПЛХ и согласно истата да реагираат.

Со Почит Коалиција МЕНУВАМЕ, Иницијатива,,5до12′ и останати здруженија