Thursday, May 8, 2025
11.8 C
Skopje

КНИЖЕВНА ВЕЧЕР СО ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ ВО ,,СПОНА”

Српскиот културно-информативен центар „Спона“ го продолжува циклусот книжевни средби и работилници „ПАРАЛЕЛИ И СИНТЕЗИ: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, во којшто во фокусот се дела од современи македонски автори што изминативе години се објавени и во Република Србија во превод на српски јазик. Утре (29 април), со почеток во 19 часот, во „Спона“ ќе се одржи книжевна вечер со еден од македонските писатели чиешто творетво е меѓу најпреведуваните во Република Србија, Томислав Османли. Средбата е посветена на српските изданија на изборот драмски текстови „Пат во рајот“ (Нови Сад: Прометеј, 2023) и на романот „Бродот. Конзархија“ (Зрењанин и Нови Сад: Агора, 2022).

На настанот, со свои видувања ќе се вклучи и Сашо Огненовски, којшто го преведе романот „Бродот. Конзархија“ од македонски на српски јазик, а уредник и рецензент на изданието е писателот Ненад Шапоња. Книгата „Пат за рајот“ пак ги вклучува драмите „Пат за Парамарибо“, „Двајца во Еден“ и „Апокалиптична комедија“ и преводот од македонски го направи српскиот писател и преведувач Александар Турунџиќ и во „Спона“ ќе се разговара и за овие драми. Во рамките на средбата ќе се оствари разговор со Османли во којшто со прашања ќе може да се вклучат и присутните.

Модератор на книжевната вечер ќе биде Иван Антоновски.

Делата на Османли објавени во превод во Србија се вбројуваат меѓу изданијата што имаат предизвикано голем интерес кај српската книжевна критикаМеѓу најновите критички одгласи може да се идвои рецензијата за книгата со драми „Пат во рајот“, објавена во белградска „Политика“, од угледната српска книжевна критичарка Александра Ѓуричиќ во којашто е нагласено дека „со чувство за дозирана иронија и суптилен хумор, овие драми мошне приемчиви и за читање, ги отвораат просторите на мечтите на режисерите и на размислите на гледачите за тоа до каде сме стигнале со возовите без возен ред“. „ …До колку уметноста може да даде барем предлози, а решенијата се во рацете на другите, тогаш и драмите на Османли и нивните јунаци не се препуштени на целосниот очај и предавањето, туку на надежта. Во нивните реплики има очајна потреба од убавина, смиреност, радост. На трагата од исконската потреба по мирен живот, балканскиот простор пулсира повеќе од три децении, а уметноста е можеби единствената што ја поддржува потрагата по решение и по разрешница за сите наши, главно залудни, бесмислени маки“, истакнува Ѓуришиќ, за на крајот на својот осврт да заклучи: „ …Во таа потреба да нè обедини и облагороди убавината, лежи и пораката на овие опори драми, кои се сведоштво за нашата реалност, но и искрена молитва упатена не кон боговите, туку кон човекот.“

Ова е прво претставување на српските преводи на дела на Османли во Српскиот културно-информативен центар „Спона“.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ФИЛИПЧЕ: ЛАЖНИОТ ПАТРИОТИЗАМ НА ЗНАМ ЗАВРШИ КАКО ПРИВАТЕН БИЗНИС-ПРОЕКТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на средбата со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ