Екипите на Манчестер со пораз во новата сезона на ЛШ, хет трик на Кристијано Роналдо

0
986

Екипите од Манчестер со пораз стартуваа во новата сезона во Лигата на шампионите, Сити на домашен терен загуби од Јувентус (1-2), а со истиот резултат Јунајтед беше поразен во Ајндховен. Сезоната во ЛШ со „хет трик“ ја стартуваше Криситјано Роналдо, а Антоан Гризман блескаше во победата на Атлетико над Галатасарај во Истанбул.

kristiisk

Група А:

ПСЖ според очекувањата запиша лесна победа над Малме. Ди Марија го постигна деби голот за ПСЖ и воопшто првиот гол во новата сезона во ЛШ уште во четвртата минута. Вториот гол беше дело на Кавани во 61. минута, Уругваецот погоди со глава по асистенцијата на Ибрахимовиќ.

Реал ги искористи сите грешки на Шахтјор и славеше со 4-0. Бензема го искористи подарокот на голманот на Шахтјор и по половина час игра го отвори резултатот. Шахтјор во 50. минута остана со играч помалку поради исклучувањето на Степаненко. Пет минути подоцна Реал доби уште еден подарок овојпат од главниот судија кој досуди пенал, а реализатор беше Роналдо. Португалецот потоа погоди уште два пати, во 63.минута повторно од пенал и во 81. минута по асистенцијата на Марсело.

Група Б:

ПСВ во Ајндховен ги приземји ѕвездите на Манчестер Јунајтед славеше со 2-1, а мечот го одбележа тешката повреда на Лук Шо кој се здоби со фрактура на ногата.

Јунајтед стигна до предност во 41. минута преку екс играчот на ПСВ, Мемфис Депај. Во финишот на првиот дел израмни Мексиканецот Морено, а победата на ПСВ му ја донесе Нарсинг во 57.минута.

Германскиот вицепрвак до првите бодови во оваа група стигна со минималната победа над ЦСКА Москва. Единствениот гол за Волфсбург го постигна Дракслер во 40. минута.

Група Ц:

Бенфика против дебитантот во ЛШ, казахстанскиот шампион Астана, до триумфот стигна во второто полувреме со погодоците на Гаитан и Митроглу.

Атлетико Мадрид во Истанбул многу лесно славеше над Галатасарај со 2-0. двата гола во 18. и 25. минута ги постигна Гризман.

Група Д:

Вицепрвакот на Европа, Јувентус, го замолкна Етихад стадионот во Манчестер со победата над Сити од 2-1. Триумфот на Јувентус е мало изненадување со оглед на резултатите кои двата тима ги постигнуваат на стартот од сезоната, Сити е лидер во Англија со пет победи во исто толку натпревари, додека Јувентус во Италија по три кола има освоено само еден бод.

Автоголот на Кјелини му донесе предност на Сити во 57. минута, неколку минути подоцна најпрвин Стерлинг, а потоа Давид Силва можеа да го решат победникот, но Буфон со две брилијантни одбрани го сочува својот гол.

Пресвртот го најави Манџукиќ кој одлично реагираше на асистенцијата од Погба во 70. минута, а потоа Алваро Мората со прецизен удар ги постави конечните 1-2.

Севилја очекувано славеше на Борусија Менхенгладбах, а триумфот од 3-0 не изненадува со оглед на формата во која се наоѓа германскиот тим (четири порази во четири кола во Бундеслигата).

Гамеиро од пенал го постигна првиот гол, потоа истиот играч не реализираше пенал, а третиот пенал за Севилја кој на оваа средба беше досуден го реализираше Банега. Конечните 3-0 ги постави Украинецот Конопљанка.