Wednesday, May 7, 2025
23.8 C
Skopje

КЛЕКОВСКИ: ЗГОЛЕМЕНИ ПЛАТИ И ЗГОЛЕМЕНИ КАПИТАЦИИ ЗА ПРИМАРНОТО ЗДРАВСТВО, БУЏЕТОТ ЗА ЗДРАВСТВО ЗГОЛЕМЕН НА 7 МИЛИЈАРДИ ДЕНАРИ

На синоќешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“, гостуваше директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски.

Тој говореше за ситуацијата во здравството, за лошото менаџирање на претходните власти и за предизвиците со кои сега се соочуваат. Клековски потенцираше дека новите апарати кои се купувале во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, во време на СДС стоеле во подрум и не се употребувале, додека во одредени градови се користат апарати од 1985 година.

„Состојбата во здравството била во надолна линија и затоа за мене звучеше прилично вознемирувачки понудата на СДС да помагаат на состојбите во здравството, за да потоа не го ни спомнуваат здравството. Здравството ни е таму каде што ни е, поради лошо чинење или не чинење, на претходните власти’’, истакна Клековски.

Клековски истакна дека финансирањето и долговите биле проблем во минатото, бидејќи од Буџетот не доволно се давало на здравството, а долговите се наталожувале. Долговите во ЈЗУ, биле околу 5 милијарди, за со ребалансот да се намалат за 2 милијарди.

„Буџетот за 2025 година е зголемен за 7 милијарди денари и изнесува вкупно 53 милијарди денари. Ова зголемување во огромен дел оди за ЈЗУ, од кои над 2 милијарди денари или околу 17%, кумулативно оди за зголемување на платите. Околу милијарда денари одат за зголемување на капитациите во примарното здравство’’, потенцираше Клековски.

Директорот на ФЗОМ, говореше и за Буџетот за лекување во странство, во однос на тоа кој го одобрува, како се финансира и која е процедурата за одреден пациент доколку има потреба да се лекува во странство.

„Лекувањето во странство се врши доколку се исцрпени можностите за лекување во Македонија и ова се поминува во неколку фази. Прво, јавното здравство треба да декларира дека не постојат можности за лекување на тој пациент во Македонија, а тоа е Клиничкиот центар кој треба да даде конзилијарно мислење потпишано од неколку овластени лица. Во следната фаза, одиме кон приватното здравство дали има услови за вршење на услугата, доколку и таму нема можност, се оди кон следната фаза, барање на понуди од странство. Да потенцирам, доколку има конзилијарно мислење, Фондот не одбива лекување на пациент во странство’’, појасни Клековски.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МАНАСИЕВСКИ: ВТОР ДЕН КАКО ФИЛИПЧЕ МОЛЧИ И НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НАРКОДИЛЕРОТ АНДОН СТОЈКОВ, КАКОВ ИНТЕРЕС ШТИТИ?

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Втор...

МУРГАШАНСКА: КУМОТ НА МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СО ПОДДРШКА НА ДУИ СИ СПЕЧАЛИ 350.000 ЕВРА

Прес-конференција на советничката на СДСМ во Советот на општина...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ