КЛАСИЧНА ПРИКАЗНА ОД ЕРАТА НА ГРУЕВИЗМОТ: СРЕДНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ШТИП, ВМРОВСКА ДИНАСТИЈА – Таткото директор 30 години, ќерката 10 и се мести и синот да наследи, ама ојде се у мајчину, падна режимот!

0
3455

Директорката на средното музичко училиште во Штип Емилија Савева Миладинова која им пркоси на сите закони: правни, политички и природни.

Подзаборавена од актуелната државна власт во окупираниот од Илчо Захариев и ДПМНЕ Штип, таа сеуште директорува и уценува професори и им се заканува на оние кои нема да гласаат за кандидатите за градоначалници на ДПМНЕ.

Нејзиниот храбар поход е попомогнат од нејзината природна арогантост и наметнатото чувство во средината дека школото е нејзина сопственост бидејќи таа директорува повеќе од 10 години а претходно во неколку наврати во траење од околу триесеттина години директор на школото е нејзиниот татко.

Третито мандат таа го добива под чудни околности односно, немало против кандидат односно, таа во стилот на Груевски и практикувањето на режимското толкување на власта, ги елиминирала сите против кандидати.

Јавна тајна е дека од нејзиното стапување на директорската фотеља бројот на вработени е драстично зголемен притоа не водејќи сметка за кадарот кој се вработува и неговите индивидуални музичко-уметнички достигнувања за сметка на многумина докажани кои не исполнувале од неа наметнати критериуми.

Станува збор а тоа што секое привремено ангажирање на наставници е „дебело“ наплатувано за што има безброј сведоци од вработените.

За добивање решение за постојано вработување цената била многу поголема и изнесувала околу 2000 евра. Нејзината самоувереност дека и во време на нова влада (која впрочем и назначува директор во ова државно училиште) може да продолжи со нејзината ароганција во политиката на вработување е ангажирањето на нејзиниот син како замена за наставник кој е на оправдано неплатено отсуство но по одредени реакции го повлекува и часовите ги доделува на наставник кој е редовно вработен.

Голем успех за директор кој промени неколкумина министри да опстои во сите овие години секојдневно газејки го достоинството на наставниците во музичкото и допринесувајќи во рушењето на светата професија наставник.

Истата, како истакната партиско-диктаторски директор на 27 април повикуваше на масовно заминување во собранието на Р. Македонија со изговор дека е загрозена безбедноста на државата. Како награда за нејзиното диктаторско директорување, таа со нејзиниот сопруг, инаку извршител и соучесник во земањето мито за вработување и јадење во локалните кафеани на сметка на училиштето заслужено му го чуваа грбот на нивниот идеолог, диктаторот во заминување Н.Г.