КЛАСИЧЕН НЕПОТИЗАМ НА ПАРТИСКИ ВОЈНИК ОД ПОЗИЦИЈА НА ДИРЕКТОР НА ДПМНЕ! Директорката на ОУ Блаже Конески од Прилеп ја злоупотребува својата положба, во групата деца на размена си го земала синот од друго училиште!

0
5202

На социјалните мрежи виреат фотографии од револтирани прилепчани коишто забележале злоупотреба на училиштето ОУ ,,Блаже Конески” од страна на директорката Марија Дулевска.

Во обвинувањата од страна на родителите стои дека директорката Марија Дулевска при посетата на Швајцарија со група ученици од ОУ “Блаже Конески” во групата деца на размена го земала и својот син кој што учи во сосема друго училиште, Рампо Левката од Прилеп.

19850752_10210988088311164_17119586_o 19988895_10210988548202661_68289069_n 19964833_1802757926401336_385341176_n 19988981_1802757969734665_1811407784_n 19964950_1802758099734652_1978703508_n 19970845_1802758139734648_1078603900_n 19988818_10210988572163260_618285999_n

Револтираните родители на децата од ОУ Блаже Конески велат дека ова е класичен непотизам и злоупотреба на својата положба како директорка на основно училиште.

Велат исто така дека во школото има и други одлични деца како синот на директорката кои за жал не отидоа на посетата во Швајцарија и дека тоа не е фер према другите ученици.

Во овие денови и наредните што следат ќе се бара од страна на родителите реакција од инспекторатот за образование.