Кире Наумов: Зомбито од Подржи Коњ глуми Амди Бајрам

0
2730

Комунистичкиот омладинец, кој додека беше човек сам си признаваше дека напредувал во комунистичката омладина само затоа што некој од горе, од Белград, му било симпатично да има скоевец роден во место со име ПОДРЖИ КОЊ, денес како политички зомби неуспешно глуми бледолик Амди Бајрам.

Сепак морам за ова да му се извинам на Амди Бајрам, кој во 2005 година беше во Идризово, додека надежниот омладинец ја гмечеше министерската фотелја повторно само затоа што овој пат беше најсимпатичната дворска будала на Бранко Црвенковски под кодно име „неконтролиран проектил”. Имам разбирање дека и неговиот идол „Марадона” ги мешаше брзините во последните години од својата кариера, ама не до толку да заборави каде и за кого играл.

Овој примерок, кој ќе биде запишан во учебниците по етика од кој децата ќе треба да учат и ќе биде пример за лицемерие, кукавичлук и се најлошо што може да карактеризира една личност, во 2005 гласаше во владата и ракоплескаше на издавањето на еврообврзницата и за нејзината употреба. И тие пари ако останале на депозитната сметка (по неговата неукост девизните резерви) веднаш во 2006 година неговиот сегашен газда ги употреби за да ги здебели контата на криминалната фамилија.

Денес тој добива сочни и мрсни коски од неколкуте милијарди од нови еврообврзници, за кои плаќаме само за една година 130 милиони евра камата.

Само уште една причина зошто не треба да гласаме за Груевски, туку за живот во Македонија.

Ваквите мора да си го најдат своето вистинско место после 11 декември, во најблага варијанта за нив во својата хациенда во Подржи Коњ, се разбира доколку и барем за тоа има доказ за потекло на имотот.

“Svak je rođen da po jednom umre, čast i bruka žive dovijeka”.
P. P. Njegos

Фејсбук статус на Кире Наумов