КИРАЦ ВО БИТКА СО ВЛАТЧЕ ЗА ТОА КОЈ ПОДОБРО ГИ ЗНАЕ МАКЕДОНСКИТЕ СЕЛА И УЛИЦИ: На ред дојде Тетово за посета поради верскиот празник св. Атанасиј

0
989

Денеска бев во посета на Тетово по повод одбележувањето на православниот верски празник во чест на светецот Атанасиј.

Задоволство ми е што денеска, на овој верски празник бев меѓу граѓаните на Тетово. Чествувањето на овој ден, традиционално овде во Тетово, ги зближува луѓето и дава пример за заедништво, пријателство, меѓусебно помагање и разбирање. Токму тие универзални, човечки вредности, нè водат напред по патот на напредокот, по патот кон подобро утре за нас и нашите деца. Нека е честит денешниот празник Свети Атанасиј!

На сите православни верници кои го слават денешниот празник им посакувам мир, здравје, среќа и благосостојба.

Фејсбук пост на ген. секретар Александар Кирацовски