Кирацовски: Има пријави за притисоци врз вработените

0
968

Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски информира дека се покренати соодветни постапки пред надлежните институции за проверка на фактичката состојба во институциите за каде што, како што наведува во соопштението, има сериозни информации дека се случуваат  злоупотреби на вработените од јавниот сектор за партиско политичко цели.

Во соопштението додава дека секојдневно на интернет страницата на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација,  пристигаат голем број на анонимни пријави, за притисоци врз вработените од јавниот сектор во пресрет на предвремени парламентарни избори закажани за 11.12.2016 година.

Информира дека до голем број институции е испратен и допис со кој што на раководните лица им е укажано за одредени неправилности поврзани со изборниот процес, кои што од страна на одговорните лица веднаш треба да бидат отстранети.