Кирацовски до Јанушев во дуел на МТВ: На кристално чисти избори ќе го избереме Стево кој води напред, кон интеграција и подобра иднина за сите

0
1316

Генералниот секретар на СДСМ, на синоќешното гостување во емисијата „И што сега?“ на МРТВ на во соочување со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, ги потенцираше разликите помеѓу Владата предводена од СДСМ што донесе реформи, напредок и интеграции и хибридното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое донесе уназадување, изолации и деструкции.

– Граѓаните можат да направат сериозна разлика помеѓу она што ние како Влада го сработивме за две и пол години и тоа што 11 години ВМРО-ДПМНЕ го правеше на штета на граѓаните. Донесовме реформи, економијата е стабилизирана, имаме рекорден број странски инвестиции, нови работни места и повисоки плати. Граѓаните и јавноста не се предмет на манипулации, пред нив ние сме одговорни и транспарентни. Нашето домаќинско работење е препознаено и од граѓаните и од меѓународната заедница, затоа до крајот на годината ќе бидеме членка на НАТО и до јуни ќе добиеме датум за преговори со ЕУ “ – порача Кирацовски

Кирацовски се осврна на различностите во концептите на кандидатите за претседател на Република Северна Македонија, потенцирајќи дека на овие избори граѓаните имаат една алтернатива – а тоа е Стево Пендаровски, обединувачки претседател кој нема да дели туку ќе работи во интерес на државата и на сите граѓани без разлика на верска, етничка или религиозна припадност.

– Она што ВМРО-МВРО го правеше е минато. Нема да се дозволат никакви нерегуларности и граѓаните ќе можат на најдемократски начин да го остварат своето право на глас. За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога институциите беа партиски ограноци, денес сите институции работат одговорно и професионално и се подготвени за фер и демократски избори на кои граѓаните убедливо ќе гласаат за Стево Пендаровски, претседател кој води напред, кој стои зад концептите на напредок, интеграции и фер општество за сите. Ќе покажеме дека Република Северна Македонија чекори по европски пат и негува европски и демократски вредности“ – заклучи Кирацовски.