(ВИДЕО) Кирацовски го истегна за уши Сељановски : Вељаноски да работи по Деловникот или да ја напушти функцијата, СДСМ се откажува од реплики!

0
986

Обраќање,
Александар Кирацовски
Скопје, 05.04.2017

Почитувана јавност, почитувани граѓани,

Оваа лакрдија во Собранието која се претвора во тавтологија од лаги и манипулации од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, конечно мора да запре. Во тој контекст, изјавувам дека јас и моите колеги пратеници од оваа лева страна ќе се откажеме од нашите реплики, но и тоа како ќе укажуваме на процедуралните забелешки кон вас и кон господинот Вељаноски.

Господине Вељаноски, сакам да ви укажам на огромната одговорност која ја носите неработејќи деловнички. Поминаа осум денови од работата на Собранието, а ништо суштински и значајно не е сработено. Ги потрошивме само парите и времето на граѓаните, што е превисока цена. Јавноста треба да знае дека клучот на оваа разрешница е во овој човек зад мене, во господинот Вељаноски и тој ја носи целата одговорност за се ова што се случува денес. Ако господинот Вељаноски работеше строго деловнички, на над 99 проценти од пратениците ќе им беше одземен зборот. Ние досега ќе бевме завршени со оваа точка, ќе изберевме претседател на оваа комисија кој доаѓа од вашите редови, ќе имавме избрано и претседател на Собранието и ќе дебатиравме за новата Влада на Република Македонија.

Затоа, уште еднаш пред јавноста лично му укажувам на господинот Вељаноски на членовите од овој Деловник. Член 89 став 3: На говорот на пратеникот е дозволена само една реплика. Во говорот, пратеникот мора да се ограничи на исправката и тоа не може да трае подолго од три минути. Член 90, став 2: Ако говорникот се одалечи од прашањето, претседателот на Собранието ќе го повика да се придржува на прашањето. Ако говороникот и по повторното повикување не се придржува до прашањето, претседателот ќе му го одземе зборот.

Затоа, господине Вељаноски, или конечно работете деловнички за доброто на граѓаните, или напуштете ја таа фотелја.