КЗП: Бројот притворени е намален за 25 отсто, но сé уште е екстремно висок

0
972

Бранителите на десет лица кои се наоѓаат во притвор поднесоа предлози за замена на притворот со домашен притвор до Основниот суд Скопје 1 како дел од проектот „Ајде да спасиме судбини“ којашто ја организираше Комитетот за заштита на правата (КЗП).

Прес-конференцијата ја водеше Валентин Зафиров од Велес, еден од осудените во случајот „Ликвидација“, адвокат со 15 годишно искуство како истражен судија.

Според податоците на Комитетот, бројот на притворени лица е намален за 25 отсто, од 254 на 198 за четири месеци, но бројот на притворени лица се уште е екстремно висок и дека треба да се намали на помалку од 100 лица, од причини што според информациите на комитетот, сé уште се држат лица во притвор, иако причините за притвор повеќе не постојат.

„Факт е дека постои подобрување на состојбата со притворите, но има уште многу работа и судовите уште многу треба да работат на подигнување на свеста и професионализација на самите судови, затоа што уште 200 луѓе се во притвор, а според наши процени повеќе од 100 луѓе немаат потреба да бидат во притвор. Затоа денеска ќе бидат доставени барања за десет лица за укинување на мерката притвор или за домашен притворен. Со тоа Судот треба да покаже и докаже дека работи неселективно, дека работи по ист принцип за сите и дека има коригирање на работата на судовите. Факт е дека има подобрување, но постои поостро за уште подобрување во насока на незлоупотреба на мерката притвор“, изјави Ване Цветанов, координатор на Комитетот.

Тие бараат укинување на притвор или замена на притворот со домашен притвор за случаи поврзани со криумчарење мигранти, за едно лице обвинето во случајот „Детонатор“, кое се наоѓа три години во притвор,

„За овој случај цел град гарантира,  дека доколку биде заменета мерката притвор со друга мерка дека нема да помогне дека нема да влијае, истрагата е завршена , не може да влијае на судењето. Ист е случајот и со другите лица постојат лица за повеќе кривични дела“, изјави Цветанов.

Експертскиот тим што го ангажирал Комитетот составен од кривичари со над 15 години искуство донеле одлука дека притворот е излишен во голем број од случаите.

Во рамки на оваа акција, со цел да се запазат роковите, и минатата недела беа доставени седум предлози за замена на притворот./крај/мф/ффс