Кекеновски: ВМРО – ДПМНЕ е пред самоуништување, нема сила да се ослободи од Груевски!

0
1188

Професорот Јове Кекеновски од ФРОДЕМ како шпекулации ги оценува информациите дека Никола Груевски планира да се повлече од лидерската позиција на ВМРО – ДПМНЕ.

Професорот смета дека партијата е пред самоуништување затоа што Груевски ќе сака да остане на челното место и за време на локалните избори.

– Мислам дека сето тоа се шпекулации. Останувањето на Груевски на чело на партијата ја води само кон конечно самоуништување. Единствената цел на Груевски му е партијата да стои зад него. Односно дел од членството кое ќе му верува да остане зад него, и ќе се обиде повторно да биде на чело на локалните избори за да добие каква било позиција. Меѓутоа, со ова раководство, со злото кое што го направи ова раководство, за жал, нашата партија нема повеќе шанси. Што побрзо се ослободиме од нив, како што реков уште пред 4-5 години, побрзо ќе ја реформираме и ќе си ја спасиме партијата – вели Кекеновски во изјава за Плусинфо.