Кај ќе ви оди бе душата АЛО?

0
2126

Еве една сторија:

*ја споделувам за да ја види таа дружина која денеска го направи ова, да допре до сите кои треба да се засрамат сега за својата нечовечност!!!

Стасува нашата помош во Смилковци, човек на кој што куќата не му е чепната од поплавите, си седи со скрстени раце и гледа, си гледа со неговиот другар. Еден млад дечко , додека овие го гледаат, сам чисти кај него во двор, од замор се онесвестува, на нашите апели овие не му помагаат, туку заминуваат некаде. Одбиваат да ни помогнат и во растоварањето помош.

Се враќаме во ТВ, токму тие ДВАЈЦА стојат на пријавница и чекаат да земат помош, која не им треба, помош која можеа да ја истоварат и да ја поделат на своите соселани. ВИЕ ЛИ БЕ ПЛУКАТЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ ПО СИТЕ ШТО СЕ НА ТЕРЕН? ВИЕ ЛО ПЛУКАТЕ ПО СИТЕ ШТО САКААТ ДА ПОМОГНАТ? Кај ќе ви оди бе душата АЛО?

Фејсбук статус на новинарката Милена Антовска