КАТИЦЕ, ЛЕНЧЕ И ФАТИМЕ ГО ЧИТАТЕ ЛИ ОВА?! ОВОЈ МАРИЈАН РИСТЕСКИ ШТО УЛЕТУВА СО ХИЛТИ ПО ЛЕТНИ БАВЧИ КАКО ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПРИЛЕП И ОТВОРИЛ ФИНАНСИСКА ДУПКА ОД 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА!!!

0
4597

Пишува: Зоран Милошески

„Долгот на Општина Прилеп изнесува 202 милиони денари, или околу 3,5 милиони евра. Најголеми побарувања од Општина Прилеп имаат фирмите блиски до претходниот градоначалник Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ: „Пела транс“, „Новоградба“, „Електроточила“ и „Матадор“, соопшти на денешната прес конференција прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

При примопредавањето на функцијата, екс градоначалникот Марјан Ристески на Јованоски му соопштил дека во општинската каса има околу 5 милиони денари, а дека долгот кон доверителите изнесувал околу 25 милиони денари. Меѓутоа, веќе по дваесетина дена долговите ја достигнале сумата од 104 милиони денари.

„Ако кон ова се додадат и кредитите кон Светска банка, лизингот за набавените моторни возила, долговите по основа на тужбени побарувања на физички и правни лица, вкупниот долг кој Општината во овој момент го има изнесува 202 милиони денари, или приближно околу 3,5 милиони евра. Она што треба да се каже е дека во Општина Прилеп на неопределено работно време се вработени 95 лица, како и дополнителни 60 лица кои се ангажирани со договори по разни основи, што значи дека во моментов бројот на вработените изнесува 155 лица“, изјави прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Целиот текст ќе може да го прочитате на овој линк ОВДЕ