КАТИЦА ЈА ПРАВИ ЛОМ РЕЖИМСКАТА МАФИЈА : Куќен притвор за управителка на транспортна фирма, осомничена во “Транспортер”

0
1683

Куќен притвор за управителка на една транспортна фирма , која е осомничена во случајот кој го отвори Специјалното јавно обвинителство, под назив „Транспортер” , вечерва одреди судијата на претходна постапка, јави Телма.

За уште две осомничени лица, од кои двајца директори на средни училишта од Битола, судот донесе одлука за одземање на пасошите.

Претходно, судијата во предистражна постапка определи мерка притвор за секретарот на Општина Билола, за други тројца се определени посебни мерки, сите осомничени во случајот „Транспортер“ кој што го отвори Специјалното јавно обвинителство.