Катица Јанева за Фактор: Овој или новиот состав на Парламентот ќе мора да ги усвои барањата на СЈО

0
1170

СЈО ќе продолжи да инсистира да бидат изгласани измените на Законот за Специјалното јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци, вели за Фактор Катица Јанева по денешната одлуката на Собранието да не ги поддржи барањата кои ги достави СЈО до Законодавниот дом.

„Овој или следниот парламентарен состав ќе мора да ги усвои потребните измени на Законот за Специјалното јавно обвинителство“ – децидна е Специјалната јавна обвинителка.

Според Јанева , СЈО со несмален интензитет ќе работи на сите случаи побврзани со аферата „Прислушување“ за кои постојат индиции за против законско работење.

„Не исклучувам и понатаму да продолжат обидите за опструирање на нашата работата, но СЈО ќе ги користи сите механизми за непречено функционирање и нема да отстапиме од она што е наша мисија и задача“- порачува Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Инаку владејачкото мнозинство гласаше против измените на Законот за Специјално јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци да се носат по скратена постапка. ВМРО ДПМНЕ обвини дека СЈО е продолжена рака на СДСМ, додека опозицијата тврдеше дека власта се плаши од истрагите за криминал.