Катица камшикува, Лаура скалпира – дами со специјална задача

0
1314

За едната велат дека има камшик. За другата велат дека собира скалпови. Едната е Катица Јанева од Македонија. Другата е Лаура Кодрута Ковеси од Романија. И двете жени добиваат сличен третман во светските медиуми, пишува СДК.

(…)

И Лаура и Катица имаат слично професионално минато. Лаура е родена во Сфанту Георге, град од 52.000 жители во областа Трансилванија. Катица доаѓа од Гевгелија. Таткото на Лаура бил обвинител. Таткото на Катица бил судија.

И двете професионалните кариери ги започнале како обвинители. И Лаура на почетокот се соочувала со многу институционални пречки. И нејзиното обвинителство ДНА на почетокот работело во привремени простории, како македонското СЈО. И за нејзиното ДНА Парламентот не изгласувал буџет и не одобрувал вработувања. Романците се импресионирани од активностите на ДНА и Лаура Ковеси.
Според една неодамнешна анкета на јавното мислење, 60 отсто рекле дека ѝ веруваат на агенцијата, а само 11 отсто му веруваат на Парламентот, додека на романската црква ѝ веруваат 61 отсто.

Романците се импресионирани од активностите на ДНА и Лаура Ковеси. Според една неодамнешна анкета на јавното мислење, 60 отсто рекле дека ѝ веруваат на агенцијата, а само 11 отсто му веруваат на Парламентот, додека на романската црква ѝ веруваат 61 отсто. (Фото:СДК.МК) Во Македонија нема релевантно истражување за довербата на граѓаните во СЈО и Катица Јанева. Но, демонстрантите од Шарената револуција секојдневно тргнуваат од пред канцелариите на тимот на Катица Јанева.

Многумина носат маички и постери со ликот на Фатиме Фетаи, обвинителка на СЈО, стилизирани маички по урнек на „Чарлиевите ангели“, симболизирајќи ја тројката Катица, Ленче и Фетаи, печатат беџови и транспаренти со повикот „Но пасаран!“, со кој Фетаи го предизвика претседателот Ѓорге Иванов откако помилува 56 политичари за да ја минира работата на специјалното обвинитрелство. И Катица и Лаура се соочуваат од една страна со обожување, а од друга страна со напади и од медиуми и од политичари. Откако покренала обвинение против премиерот Виктор Понта, тој ја нападна Ковеси на својата Фејсбук страна и рече дека единствениот проблем на Романија е „опсесијата на една тотално непрофесионална обвинителка која се обидува да се прослави со измислување факти и невистинити ситуации од пред 10 години“

. По објавувањето на случајот ТНТ за уривањето на Космос, премиерот Никола Груевски, на 21 април година се јави со соопштение: „Жално е што СЈО наместо професионална и независна институција каква што сите граѓани очекуваа, се претвори во партиски инструмент на СДСМ”. Лаура Ковеси во изјава за лондонски „Гардијан“ рекла дека најголемиот предизвик за обвинителите доаѓа од политичарите: „Секои две недели тие поднесуваат нови закони во обид да ги променат или надополнат постоечките закони. Се обидуваат да ги ограничат нашите можности за истраги. Се обидуваат да го променат кривичниот закон. Се обидуваат да ни ги одземат средствата за да ни ги ограничат можностите за истрага. Најчудно е што никогаш не се обиделе да ги подобрат законите за да ни помогнат што повеќе“, вели Ковеси.

текстот во целост прочитајте го ОВДЕ