КАТИЦА И СЈО ПОЧНАА ДА ГИ ЛОВАТ МОНСТРУМ СУДИИТЕ ОД ТЕВТЕРЧЕТО НА ГОЦА БРКЛА :Утрово упаднала со полиција во канцеларијата на сваровски судијата Владимир Панчевски, ќе одат првите судии во затвор!!!

0
2595

Специјалната обвинителка Катица Јанева заедно со полицијата врши претрес во канцеларијата на поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, дозната Телма од свои извори.

Како што јавува нашиот репортер Миомир Серафиновиќ таа дошла во судот 12.30, каде биле присутни и полицајци во цивилка.

Пред да влезе не кажа зошто е тука и рече дека потоа ќе даде дополнителни информации.

Телма веќе објави дека само петнаесетина минути по пристигнувањето на Јанева, која била заедно со обвинителката Ленче Ристовска, во Оснониот суд пристигна и екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

-Тој не даде повеќе детали за неговото присуство во судот, само кратко ни рече: „Вие знете зошто сте дошле“. Но кога му кажавме дека сме за сосема друг случај, тој ни одговори: „Кога ќе биде зе мене ќе знаете и ќе ви одговорам“ – пишува Телма.

Според нашите информации, Мијалков денеска во судот бил редовно да се пријави, како превентивна мерка која му ја определи судот по барање на СЈО.

Панчевски веќе ја доби првата судска пресуда против него пред неколку денови.

ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ Според неговиот Суд тој вршел мобинг врз вработен

Владимир Панчевски, поранешениот претседател на Кривичниот суд е осуден за мобинг кој го сторил врз вработениот Горан Стаменковски, објави денoвиве Основниот суд Скопје 2.

На изрекувањето на пресудата Панчевски не бил присутен, туку бил само неговиот адвокат Димитар Дангов. Поранешниот претседател сега има право да ја обжали првостепената пресуда пред Апелациониот суд.

Донесената неправосилна пресуда засега е само морална сатисфакција за тужителот Стаменковски, но доколку во случај Апелација да ја потврди истата, Панчевски нема да може повеќе да извршува раководна функција, како на пример да биде повторно претседател на Кривичниот суд.

Тужбата за мобинг против Панчевски ја поднесе Стаменковски, поранешен раководител на секторот за човечки ресурси во Кривичниот суд.

Во тужбата стои дека Панчевски во подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции, го казнувал, а тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на Судот.

Освен тужбата, Стаменковски поднел и две кривични пријави против поранешниот шеф за малтретирање во служба, а втората за повреда на рамноправност.

Конкретно Горан Стаменковски, поранешен шеф на одделението за човечки ресурси при Основниот суд Скопје 1 е суспендиран од работа поради што најави за кривична пријава против Татјана Михајлова, в.д претседателка на судот и против негов колега поради злоупотреба на службената положба.

Неговата суспензија доаѓа по интервју дадено во неделникот „Фокус“ во кое зборува за мобингот од страна на доскорешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски.

„Ме суспендираат како раководител на човечки ресурси, а претходно ми го укинуваат решението за човечки ресурси што е невиден апсурд, Второ, за истата работа се воведе дисциплинска комисија на која се одлучи да бидам казнет само од плата. Од пет колеги во комисијата четворица беа за парична казна. И трето и најбитно, според член 101 став 1. од Законот за судска служба предлог за суспензија поднесува непосредно претпоставениот судски службеник или администратор, а не Владо Ружичиќ кој не е на повисоко место од моето. Ќе поднесам кривична пријава против в.д претседателката Татјана Михајлова и Владо Ружичиќ поради злоупотреба на службената положба, кога ќе дојде друг обвинител“, рече во февруари годинава Стаменковски за „Фокус“.

Судењето беше неколку пати одложено. Адвокатите на Стаменковски во изјава за медиумите рекле дека тужениот Панчевски се обидува да ја одолжи постапката, додавајќи дека Стаменковски покрај постапката за мобинг, бил повторно казнет со суспензија, што, според адвокатите, претставува притисок врз него.

Адвокатот на Панчевски, Митко Соколов, изјавил дека тужбата против поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје е беспредметна и дека немало никакви основи за обвинување за мобинг. Тој нагласи дека мобинг се врши врз Панчевски со постапката што се води против него, а за да му се наруши угледот како поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 и како кандидат за нов мандат за прв човек на Кривичниот суд.

ГУЖВА ПРЕД ГОЛ Скопја „единица“ стана Суд со голема внатрешна динамика

-Панчевски повикал трудова инспекција во мое име за да ме скара со колегите. Поднесена е пријава до трудова инспекција на која стојат моите податоци со која се бара поништување на решенија за распоредување на неколку службеници во судот. Јас се јавив во трудовата инспекција и побарав таа да биде повлечена затоа што некој ги употребил моите лични податоци за пријава.

Сметам дека зад ова стои екс- претседателот на судот Панчевски кој има за цел да им се одмазди на моите колеги, судски службеници, кои во некои постапки одлучија во моја полза, ни изјави Горан Стаменковски чие решение за распоредување во одделот за човечки ресурси е поништено. Претходно Стаменковски е суспендиран од в.д. претседателката на судот, а неговите адвокати сметаат дека зад суспензијата стои Панчевски за кого веќе има поднесена тужба за мобинг. За последното решение, Стаменковски и неговите адвокати побарале инспекција од Трудовиот инспекторат и таа требало да дојде во вторник, тврди Стаменковски.

Но денеска трудови инспектори дошле во судот, а Стаменковски тврди дека за таа пријава и инспекција е злоупотребен неговиот потпис. Адвокатите на екс претседателот Панчевски пак тврдат обратно, дека тужбите и сите постапки против него се всушност мобинг кон Панчевски и обид да се дискредитира во изборот за нов претседател на судот за што тој се кандидираше во Судскиот совет.