КАСТРИОТ РЕЏЕПИ СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ,,ОГНЕНАТА ГРУПА” ОД ДУИ

0
410

Независниот пратеник Кастриот Реџепи се приклучи на „огнената група“ во ДУИ, потврдија за „Слободен печат“, од огнените. Синоќа со фотографија на која се Меџити, Реџепи и Блерим Беџети новата дружба на Фејсбук ја објавија тројцата функционери. Под објавата на фотографијата тројцата напишаа „заедно“.

Дали приклучувањето на Реџепи е најава дека „огнените“ целат на формирање на пратеничка група, засега нема потврда. Во „огнената група“ освен Меџити е и пратеничката од ДУИ Мерита Коџаџику.

Реџепи на јавноста и стана познат откако лани ги поремети сметките на опозицијата да го преземе мнозинтвото во Собранието и да ја урне Владата. По ова Реџепи беше исклучен од Беса и промовираше проект во Собранието „Европа 21“со цел обединување на прогресивните политички сили за задржување на европската перспектива на земјава.