Касами од Теарце Различни партии се соединивме за иднината на европска Македонија

0
746

Теарце, 3 јули 2020 (МИА)– Во тетовско Теарце трибина со граѓаните одржаа кандидатите за пратеници на Коалицијата „Можеме“ предводена од носителот на листата во шестата изборна единицаи Биљал Касами. Тој истакна дека иако во оваа коалиција има 25 различни партии сите се соединиле за иднината на европска Македонија.

-Беса е нова партија на сцената е од 2015 но со искуство од 4 изборни циклуси со многу предизвици. Не напаѓаа опонентите дека сме екстремни, дека сме барале федерализација но ние никогаш не сме залагале за такви вредности, туку за цело време сме се залагале за рамноправна држава за сите граѓаните.  Длабоко верувам дека разноликоста е нашето богатство  дека треба тоа да го култивираме и дека таа вредност треба ја споредуваме со Европската унија. Дури кога после 1945 Европа се соедини стана најразвиен дел од светот. Македонија има такви вредности со кои може да се гордееме. Иако мала држава ние сме големи народи затоа што со векови живееме заедно иако политичарите се обиделе да не разделат, рече Касами.

Тој посочи дека овие партии иако се различни се соединиле и јавно зборуваат за проекти за разлика од некои необјавени коалциии.

-Јас не можам поинаку да ја сфатам коалцијата ВМРО ДПМНЕ – ДУИ, иако не е објавена, во многу наврати покоординирани се ДУИ со ВМРО ДПМНЕ отколку со  СДСМ во Владата. Сега ДУИ е во тој правец, кога ВМРО излегува со национал романтичарски концепт ДУИ се спротиставува со концептот премиер Албанец. Сепак ДУИ не успеа за 18 години да создаде свој кадар за премиер па го позајми од Партијата за демократски просперитет, истакна Биљал Касами во Теарце.

Кандидатката за пратеник од СДСМ, Фаница Николовска на жителите од Теарце им порача дека се предвидени повеќе проекти за оваа општина како канализација за сите населени места, инвестирање во патишта и улици, а со прогласување на Шар Планина за национален парк спречување на проблемите како дивата сеча и подобрување на водоснабдувањето.

-Во шестата изборна единица сигурно победуваме гледајќи ја ситуацијата на терен. Концептот што го промовираме е успешен, сите обединети да изградиме современа и модерна држава со економски просперитет за сите. Иако носевме тешки одлуки кои со генерации не беа решени сега се справивме со криза и покажавме дека државата може дасе носи и на економски и здравстевен план. Нареден мандат ќе покажеме уште повеќе и подобра нова македонска економија со поддршка на странски и домашни инвестиции со фондови од ЕУ, како што се изградба на автопати, локални патишта, болници и градинки, мерки за бизниси, млади и слично, рече Николска.

Пред своите сограѓани се обрати и кандидатот за пратеник и претседател на Демократска партија на Турците Бејџан Илјаз.

-Како лекар ги имам посетено вашите куќи, а сега е време со ваша поддрршка да решавме крупни проблеми. Верувам дека Теарчани заслужуваат подобро и повеќе. Прв пат пред вас е концепот кој ја рефлектира нашата реалност, се здружија Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби и други за единствена цел да има просперитет, правда, подобра иднина и ЕУ. На 15 јули уште поцврсто да продолжиме понатаму, истакна Илјаз.ас/бк/