Касами и Тачи добиваат по едно министерство

0
730

Предизборниот коалицискиот партнер на СДСМ, Беса од владиниот колач ќе го добие министерството за земјоделство, потврди за Плусинфо функционер од Беса.

Од вториот ешалон Беса добива две заменик-министерски места. ДПА на Мендух Тачи пак, го задржува министерството без ресор за странски инвестиции, кое сега ќе премине во директорат. Тачи беше владин партнер во претходната влада и прв со кој лидерот на СДСМ и мандатар Зоран Заев договори соработка за новата влада.

Заев на прес конференцијата на која со лидерот на ДУИ Али Ахмети го обзнани договорот за новата влада рече дека ќе се укинат министерствата без ресор.