КАРПОШАНИ СОБИРАА ПАРИ ЗА ДЕТЕ БЕЗ РОДИТЕЛИ БОЛНО ОД РАК

0
435

📌Да помогнеме на младиот Никола Ѓорѓиев!
📌Денеска попладне се одржа хуманитарен настан во рамки на училишниот двор на ООУ „Лазо Трповски“, во организација на Општина Карпош и друштвото за маркетинг „Фанки Макси“.

📌Целта на оваа хуманитарна акција беше да се соберат финансиски средства за понатамошното лекување на 19 годишниот Никола Ѓорѓиев, дете без родители, на кое му е дијагностициран канцер на коските.