Караџовски: Од мене оставка може да ја побара само Филипче, тој може да ме смени за 24 часа

0
803

Од мене оставка може да ја побара само Филипче, оти тој ме назначил, рече доктор Жарко Караџовски.

„Јас давам совет, ако сака да ме послуша министерот и не знам според кои критериуми Форбс одредил дека сме небезбедна земја“, рече Караџовски.

Вели дека доколку сака министерот за здравство, Венко Филипче може да ги разреши членовите на Комисијата за заразни болести.

Додаде дека сите мерки кои се применуваат во светот, веќе се применети и кај нас.