Караџовски: Непочитувањето на мерките и ифтарските вечери ни се „удрија од глава“

0
757

Непочитувањето на мерките, неносењето на маска, групирањето и ифтарските вечери ни се удрија од глава како бумеранг, рече епидемиологот Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.

Тој вели дека е разочаран од непочитувањето на некои мерки и според него, поради ова се зголемил бројот на заразени по олабавувањето од 25 мај.

Тврди дека тие како Комисија за заразни болести ја немаат променето стратегијата, со која земјава на почетокот броеше многу помалку случаи.

– Во месец април цела Европа ги попушташе мерките очекувајќи дека мерките ќе се почитуваат и кај нас. Но крајно сум разочаран, рече Караџовски. Вели дека сега има поголем број на тестирања, поголем број на кластери.

Деновиве земјава го надмина бројот од 3000 заразени.