КАРАВАНОТ „РАМО ДО РАМО ДО ПОБЕДА“ НА СДСМ ДЕНЕСКА ПРОДОЛЖИ СО СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ ВО ОПШТИНИТЕ ЧАИР, САРАЈ И АРАЧИНОВО

0
389

За година и пол ВМРО-ДПМНЕ предизвика вистинска катастрофа во градот, потрошија стотици милиони евра народни пари, го доведоа градот пред банкрот, со блокирана сметка и згора на сé, се скараа чии раце се во медот.

💬Не го реализираат ветеното, а ги запреа и почнатите проекти, како БРТ, Универзална сала, мостот на булеварот АСНОМ, кој сега и те како ќе беше добредојден за намалување на сообраќајниот метеж, по пожарот и затворањето на мостот Беласица.

📌Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска продолжи со средби со граѓаните во општините Чаир, Сарај и Арачиново.

Во Чаир со граѓаните беа Маја Манолева и портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
Во Сарај рамо до рамо со граѓаните беа Милена Стевановиќ и Борис Тунџев.
Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Тања Томиќ заедно со Филип Даскаловскиа денеска беше со граѓаните во општина Арачиново.