Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Робертина Мечевска, најавува амбициозна ракометна академија за деца во Струга!

0
1623

Здраво на сите пријатели 🙂

Со голема чест и задоволство сакам да ве известам дека од 11 ти до 17 август ќе се оджи првата ракометна академија “РОБЕРТИНА МЕЧЕВСКА *2* ” во СТРУГА-мојот роден град!… Сместувањето ќе биде во детското одморалиште Мајски цвет во Струга..

11696864_364454307087745_177581132_n

Тренинзите ќе се одвиваат на теренот на отворено пред самото одморалиште како и зелените површини пред самото одморалиште..Исто така има плажа пред одморалиштето, а веднаш до одморалиштето се наоѓа и отвореното игралиште каде што се одржува силниот Струшкиот меѓународен турнир во ракомет.

Можам да ВЕТАМ само едно:Дека ќе биде лудо и незаборавно искуство за вашите деца и дека секоја година со нетрпение ќе чекаат да има повторно академија… Академијата ќе се одвива во период кога е силниот меѓународен турнир во Струга на отворено и ќе имаме групно следење на натпреварите – се разбира кога нема да имаме тренинзи бидејќи тоа ни е првата цел зошто ја организирам оваа академија,ќе има присуство на тренинзите на голем број ракометари и менаџери од струшкиот турнир. Втората цел на оваа ракометна академија е друшењето на дечињата низ разни игри,забави,заедничко одење на плажа,групна прошетка во Вевчани ќе има посета на прекрасните Вевчански извори ќе има групна прошетка до Калишта до манастирот и шетање по Струга и запознавање на нејзините природни убавини….

Ќе има ракометни тренери кои се професионални во својата работа,кондиционен тренер,психолог,ќе има маички,шорцеви и блузон од оваа академија за сите учесници,ќе има професионален физиотерапефт кој 24ч ќе биде задолжен да се грижи за потребите на дечињата како и доктор во одморалиштето 24ч ,Ќе има здрава храна како и репете за тој што ќе има потреба нема да има гладни деца-тоа оставетего на мене… Задолжително е секое дете пред да го потврди своето учество на оваа академија и пред да почни да плаќа да оди на спортски преглед и да има печат од спортски доктор дека е способно за тренинг и натпревари за да не дојде во ситуација да имаме здравсвени проблеми… После секој тренинг децата ќе имаат здрава храна за надополнување на потрошената енергија како банани, смокви, урми, чоколадно млеко а за тоа ќе се погрижат нашите спонзори… На секој тренинг ќе се пие флаширана вода од нашите спонзори…Едноставно се ќе биде беспрекорно и ќе биде академија од светски рамки само со МАКЕДОНСКИ УЧЕСНИЦИ….

11354728_364453340421175_941597395_n

Ќе има свечена церемонија и доделување на дипломи на брод и крстарење по Охридското езеро со жива музика на последната вечер од кампот Капацитетот за овој датум е 50 дечиња и ќе се тренира во 2 групи од по 25 деца доколку има поголема заинтересираност академијата ќе продолжи уште една недела со нови дечиња и ќе има втора смена од 17 до 23 ти август на која иста така капацитетот е 50 дечиња во 2 групи тренинзи распоредени по возраст. Ќе ги има истите услови како и правата смена само што ќе нема крстарење со брод ..

Цената ќе биде промотивна само оваа година бидејќи прв пат отворам ракометна академија во мојот роден крај и ќе изнесува 9000 денари за 7 дена и првата смена ќе биде од 11 до 17 август а за дечиња кои се родени во Струга цената ќе биде промотивно само оваа година по 6000 денари за дете(и тие деца ќе мора да спијат во хотел и цел ден да се дружат со другите дечиња) 6000 денари ќе биде и цена за деца со еден родител(дете од разведени родители или еден починат родител)За 2 деца од едно семејство од Струга цената ќе биде промотивна и ќе изнесува само 10000 денари

Може да се плаќа на 3 рати и да почнете со уплата уште денес за првата рата ,во јули втората рака и во август третата зависно кој во која група спаѓа така нека си го подели изностс на 3 рати најдоцна до 10ти август мора да е платен целиот изност -нема остапки за никого!Ќе има 1 или 2 деца гратис од домот за деца без родители..Сите заинтересирани деца можат да ми потврдат учество во приватна порака тука и да ми напишат величина од маичка шорц и дуксер..

Поздрав и не заборавјте дека ќе имате прекрасни мигови со КАПИТЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА -РОБЕРТИНА МЕЧЕВСКА И ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ЗА ПРВ ПАТ ДА УЧИТЕ РАКОМЕТ ОД МЕНЕ,ДА СЕ ДРУЖИТЕ СЛИКАТЕ И ЗАБАВУВАТЕ СО МЕНЕ ОВИЕ 7 ИЛИ 14 ДЕНА ..ПОЗДРАВ СЕ НАЈДОБРО НА СИТЕ 😀 СО НЕТРПЕНИЕ ВЕ ОЧЕКУВАМ …..

СПОРТСКИ ПОЗДРАВ:

РОБЕРТИНА МЕЧЕВСКА -КАПИТЕН НА ЖЕНСКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТЦИЈА

Жиро сметка за уплата Робертина Мечевска 200002720332691 Стопанска банка

п.с : Мотото на оваа академија е – НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ ОД ТОА ШТО ГО САКАШ!!

ИМАЈТЕ УБАВ ДЕН