КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА РАНКОВЦЕ НАЈПРВО БАРАЛ ПОДДРШКА КАЈ СДСМ?!

0
1204

Според информации до кои дојде нашата редакција кандидатот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на општина Ранковце, Борче Спасовски, пред да стане кандидат на ДПМНЕ барал поддршка од владејачката СДСМ. Спасовски поддршка барал од шефот на општинскиот штаб на Ранковце, Небојша Трајковски но и од претседателот на партијата Зоран Заев.

Социјалдемократите, веројатно  водејки се од анкетите на граѓаните не му ја прифатиле кандидатурата па затоа Спасовски успева да се договори да биде кандидат на ВМРО – ДПМНЕ.

Очигледно дека на Борче не му е до тоа од Ранковце да направи подобро место за живеење туку само го интересира платата од 1000 евра којa општинската фотелја ќе му ja донесе. Во Ранковце кружат информации и дека веќе се договорил со еден од поголемите маркети да отвори филијала во Ранковце и тоа не било каде туку во неговиот простор на местото на неговата продавница и општинскиот штаб на ВМРО –ДПМНЕ  за кои по изборите би ги исфрлил како партал со цел да зема 2000 евра кирија месечно, оставајки  на тој начин многу луѓе без работа,  уништувајки ги локалните продавнички и останати поврзани бизниси  на кои тоа им е единствен извор на приход, стои во информацијата до нашата редакција.

Па од тука се поставува прашањето, дали кандидатот за градоначалник на Општина Ранковце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ барал поддршка од било која политичка партија за да стане градоначалник за да си ги исполни личните цели?!