КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ ОД ЛЕВИЦА ГИ ШОКИРА СИТЕ – ПЕТАР ГЕОРГИЕВСКИ – КАМИКАЗА : НЕ СУМ ТОЛКУ ИСКУСЕН, ДОПРВА ЌЕ УЧАМ САМ ДА НОСАМ ОДЛУКИ

0
973

Кандидатот поддржан од партијата „Левица“ Петар Георгиевски – Камиказа, кој се претставува како независен кандидат, во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77 беше прашан: „Како ќе гласа некој кој сака да гласа за вас, не за Левица и обратно? Како ќе ги убедите граѓаните дека доколку станете градоначалник сами ќе носите одлуки а не што ќе каже партијата?“

Петар Георгиевски – Камиказа одговори дека не бил искусен во овој дел и дека допрва ќе ги учел одговорите на овие прашања:

„Тоа е веќе математичка ситуација во која јас се уште не сум искусен, но се надевам дека доколку станам градоначалник , мојот глас, без оглед што советот генерално еден дел го има пресуден, но потоа градоначалникот го аминува. Јас не сум толку искусен во тој дел и мислам дека овие прашања допрва ќе ги учам“, изјави „независниот кандидат“ поддржан од Левица Петар Георгиевски – Камиказа.

Дали носењето самостојни одлуки како градоначалник за Перо Камиказа е „виша математика“ и дали допрва ќе учи кои се надлежностите на градоначалникот?