КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДОЛНЕНИ АДНАН ЏАФЕРОСКИ ИМ ПОДАРИ РОЗИ НА ЖЕНИТЕ ОД ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА ОО СДСМ ДОЛНЕНИ ПО ПОВОД ОКТОМВРИ – РОЗОВ МЕСЕЦ ПОСВЕТЕН НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ НА ДОЈКА

0
798

Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Долнени организираше иницијатива за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка кај жените.

По повод Октомври – Розов месец акција за подигање на свеста за борбата против рак на дојка на мое огромно задоволство се приклучив на иницијативата и поделив розева ружа за сите госпоѓи и госпоѓици присутни на состанокот, рече Џафероски.

Џафероски додаде дека нема еднаквост во општеството без родова еднаквост. Цврсто стојам на ставот дека жената заслужува да има висока улога во општеството и како иден градоначалник се обврзувам да работам на што поголема инклузија на жените во општествените процеси. Доказ за тоа е и нашата советничка листа на која жените имаат 50 отсто застапеност.

Нема да застанеме тука, Долнени конечно ќе добие шанса да се развива како што доликува бидејќи граѓанките на Долнени го заслужуваат најдоброто, заклучи Џафероски