Канал 5 дознава: Орце Камчев и Цветан Панделески до судот доставиле барање за нов времен пасош

0
1681

Барањето до скопскиот Кривичен суд го доставил во петок. Но за тоа мислење ќе треба да даде и обвинителството.

Освен Камчев, нов времен пасош побарал и Цветан Панделевски кој исто така е еден од осомничените во случајот. Од Кривичниот суд велат дека доколку има некоја одлука ќе ја известат јавноста.Информацијата ја потврдија од Обвинителството од каде велат:

„Надлежен јавен обвинител кој постапува по предметот прими допис од судот со кој е препратен предлог – да се даде дозвола за издавање нова временска патна исправа. Обвинителот го разгледува барањето.

Претходно Камчев иако бараше за осум, судот му даде времен пасош во траење од шест месеци а кој истекува во петок. Тогаш позитивното мислење го потпиша екс шефицата на СЈО Катица Јанева. Сега истрагата за Империја е во рацете на Лиле Стефанова, која предметот го застапува како обвинител од Обвинителството за организиран криминал и корупција па таа ќе треба да даде мислење на барањето на Камчев, но и на Панделевски. Обвинителката Стефанова неодамна обелодени дека тогаш се противела на одлуката на нејзината некогашна шефица да одобри издавање на времен пасош за Камчев.

Во меѓувреме истрагата за случајот Империја која се води против уште 12 лица за перење пари а според проценките ја оштетиле државата за над 10 милиони евра, Стефанова ја почна од почеток откако предметот од СЈО премина во Организиран криминал.