Каменот од Израел

0
1421

„Кој си ја има мувата на капата сам си ја ишка“, така гласи една народна изрека. Токму тоа прават Груевски и неговото криминално ДПМНЕ изминатите денови откако заврши посетата на лидерот на СДСМ Зоран Заев на Израел каде беше примен на највисоко ниво-од претседателот на државата, заменик претседателот на Владата и редица други државни функционери, меѓу кои и со првите луѓе на безбедносните служби на оваа држава.

На Груевски и неговите послушници во ДПМНЕ, не им е грижа за односите со Израел. Тие немаат мир во душата затоа што ја злоупотребиле соработката со оваа, за Македонија важна држава. Ја злоупотребиле соработката за да украдат пари при набавка на опрема за следење на комуникациите, поточно Мијалков во улога на директор на ДБК барал и добил провизија, доказ за тоа е една од снимката која ја објави Заев.

Најверојатно не е само оваа злоупотреба од страна на власта на Груевски во односите со Израел, туку на површина ќе излезат најверојатно уште други злоупотреби. Да си поиграуваш со довербата на Израел од позиција на премиер, министер за внатрешни работи, директор на ДБК, е поугрување со интересите на нашата држава а за тоа се сноси одговорност. Не само политичка!

Да биде појасно, демантите што дојдоа од Израел се очекувани и нормална постапка од страна на оваа држава. Не треба да бидеме наивни и да очекуваме потврда од страна на Израел дека Заев се сретнал со високи функционери на безбедносните служби, ниту пак за темите за кои се разговарало. За што се разговарало, СДСМ и Заев кажаа, цитат; „Доаѓа моментот кога Груевски ќе разбере што не му е јасно“.

Дел од денот потрошив да поразговарам со случајни граѓани-минувачи за тоа што мислат за посетата на Заев на Израел, во продолжение дел нивните одговори

„Тоа голема почит од Израел кон Заев и не само кон него, туку и кон нашата држава и кон нас како Македонски народ“.  Друг сограѓанин пак вели; „Заев уште не станал премиер, но го прими претседателот на Израел, тоа значи многу, значи во него гледаат иден премиер, што е уште поважно, во Заев гледаат партнер, кој повторно ќе го поврати угледот на Македонија откако Груевски и Мијалков ги злоупотребиле односите со Израел и довербата.

На крај еден од десетината граѓани со кои поразговарав, рече; „Кој си ја има мувата на капата тој си ја ишка. Груевски и Мијалков си ја имаат мувата на капата и затоа преку неговите медиуми сакаат да ни докажат дека тие се чисти дека не земале провизии. Се обидуваат да не лажат ама веќе ги научивме, се што ќе слушнам на Сител, обратното го мислам“.

За крај; Тоа е судбината на еден кутон медиум!

Пишува  : М-р Митко Јованов