КАМБОВСКИ ГО ПОВИКА ВЕЉАНОСКИ: ПРЕКИНИ ГО ОДМОРОТ, СВИКАЈ ИТНА СЕДНИЦА – ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА НА СИТЕ НЕСТОПАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ

0
1561

Академик Владо Камбовски го повика спикерот на Собранието Трајко Вељаноски итно да свика седница по катастрофалната поплава во Скопје и скопските населби и села со 22 жртви.

Тој предлага на собраниската седница за поплавите да се донесе закон за забрана на сите нестопански инвестиции, освен оние кои се од важност за безбедноста на државата, и нивно пренасочување за потребите на илјадниците граѓани кои претрпеа стравотна материјална штета, изгубија најблиски, ги изгубија домовите.

“Еве шанса Собранието да смогне сили да стави крај на нерационалните трошења на Владата. Седница мора да има. Ова не е појава која се случила еднаш во илјада години. Ако се случила еднаш, ќе се случи пак“,изјави Камбовски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Повеќе ОВДЕ