КАКО СЕМЕЈНА ФИРМА НА КАЕВСКИ НАПЛАТИЛА НАД 300 ИЛЈАДИ ЕВРА, ОД ДРЖАВНИ ИНСТИЦУИИ, ПРАША ВМРО-ДПМНЕ

0
645

Дарко Каевски нека објасни како е можно да земаат плата функционери чии имиња не се ни знаат и никој не знае што сработиле, побара ВМРО-ДПМНЕ.
„Дарко Каевски е паразит, да објасни како на 30 години стекнал стан и 4.000.000 денари на сметка. Како со пратеничка плата се стекнуваат 62м2 стан и 4.000.000 денари на сметка, и тоа само со пратеничка плата и плата како директор на АМС за нецел мандат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека додека Каевски трупал имот, фирмата на неговиот татко, Гео Каевски, од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери, кои ги земала од 2018 година до денес.Тоа се над 315.000 евра. И сето ова се случува додека Каевски е директор во централната власт и пратеник во Собранието. Каевски и татко му се паразити на општество, кои немаат никаков придонес и треба да ги вратат парите“, истакнуваат од опозициската партија.