Како во “Книгата за џунглата”: Мечка, лав и тигар живеат како браќа

0
1686
Во дивината би биле смртни непријатели, но откако биле спасени од дилер на дрога кој ги држел во заробеништво, мечката Балу, лавот Лео и тигарот Шир Кан станале најдобри пријатели.

Овие тројца пријатели како младенчиња завршиле во Центарот за спасување на животни “Арката на Ное”, во Атланта во Џорџија. Тие биле пронајдени за време на една рација кај нарко дилер и во план било да бидат разделени, но кога вработените сфатиле дека се семејство, вработените одлучиле да им дозволат да пораснат заедно.

12541009_948722495211456_2042344031678098479_n

“Ова е единственото место на светот на кое можете да видите три вакви животни да живеат сложно”, вели Дајен Смит, асистентка на директорот на “Арката на Ное”.

12313692_921709364579436_294088264553519368_n

Тројцата биле раздвоени само кога Балу морал на операција за да му биде отстранет појасот кој го имал околу едната шепа.

Додека бил отсутен, Лео и Шир Кан биле прилично вознемирени, бидејќи им било необично без него.

Оние кои го посетуваат овој центар може да видат колку добро се сложуваат животните, а многу посетители виделе и како си играат како вистински браќа.

11707591_10155812684285088_5951305409532363296_n

“Балу, кој е тежок 450 килограми, Шир Кан со своите 160 килограми и Лео со своите 160, си играат како браќа. Во било кои други околности тие би биле непријатели, па токму поради тоа оваа тројка е толку посебна”, вели Смит.

Животните изглед дека воопшто не се свесни дека се разликуваат.

Балу и Шир Кан се многу блиски. Тие стануваат многу рано, а Лео, кој е лав, сака да спие подолго. Прекрасно е да видите американска црна мечка како прегрнува бенгалски тигар”, вели Џама, еден од основачите на “Арката на Ноа”.