КАКО БЕ САМО ИМ ТЕКНУВААТ ВАКВИ МАЈМУНАРИИ, ВМРО ДПМНЕ СТАНА ДЕТСКА ГРАДИНКА – Мицкоски понудил вонреден конгрес, ама ЦК едногласно го одбил?! Наместо тоа ќе бирале нов ИК

0
899

На вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата, Христијан Мицкоски им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес на кој тој нема да се кандидира, но тие едногласно го одбиле предлогот, брифираат вечерва од партијата.

“Седницата на Централниот комитет започна со говор на претседателот Христијан Мицкоски на кој направи ретроспектива на целокупното раководење со партијата на сите аспекти, отворена дискусија за состојбите и загриженоста за целокупната економска и политичка ситуација. Иако до пред почетокот на сендицата не беше пристигнато иницијатива за свикување на вонреден конгрес претседателот Мицкоски на свое барање стави точка едногласно од страна на Централниот комитет била отфрлена, по што Мицкоски ја продолжи седницата на која ќе предложи нов состав на извршниот комитет”, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на денот се шпекулираше со повеќе имиња на нови членови на извршниот Комитет, но од партијата велат дека голем број информации не биле точни.