КАКОВ ШОК ЗА ГРУЕВСКИ, РЕЖИМОТ Е ЦЕЛОСНО ИЗДИШАН: Само 19 гледачи на Јутјуб ја следат панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ!

0
1665

Во моментов во МОБ се одвива панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Улогата на жената во општествениот и политичкиот живот”.

Оваа дискусија е дел од настаните на владејачката партија во таканаречениот „викенд на отчетност“ кој вчера го најави Никола Тодоров, а кој ќе заврши утре со митинг во спортската сала „Борис Трајковски“ а за кој веќе се прават списоци и има притисоци за присуство.

Интересно е дека дискусиите се пренесуваат во живо на Јутјуб а тоа се промовира во сите провладини портали, како и многу Фејсбук страници меѓу кои и официјалната партиска, но сепак нема интерес за нивно следење.

984589430934-768x554