КАКВО АРОГАНТНО ЃУБРЕ: Од Лос Анџелес, во срцето на НАТО, режисерот Дарко Митревски ни честита за уставните амандмани така што не нарече племе, сите што биле за НАТО и ЕУ биле купени со пари, и ни порача дека како земја и како народ ќе исчезнеме затоа што сме решиле да одиме во НАТО и ЕУ!

0
4527

ПРЕД ДА СЕ ОДЈАВАМ, УШТЕ ОВА:

Народите создаваат држави и стануваат нации така што се обединуваат околу некои морални и филозофски вредности, било леви или десни.
Да речеме: слобода, еднаквост и братство. Или традиција, семејство, труд. Или правда за сите. Или свои на своето. Или смрт на фашизмот. Или слобода за Македонија.

Ниту една од овие вредности нема лукративна или прагматична природа. Не се обединиле Италијанците или пак Германците затоа што државноста ќе им донела повеќе пари, ниту пак за независност се бореле латиноамериканските и азиските народи затоа што сувереноста им била попрактична од колонијализмот.
Напротив, тие создале држави во име на некои принципи кои ги сметале за есенцијално “добро” и наспроти некои други кои ги сметале за есенцијално “зло”.

Врз основа на овие вредности подоцна се пишуваат устави и закони кои го рефлектираат духот на Доброто, односно борбата на Доброто против Злото.
Моќните нации и држави се можат да доведат во прашање, за се можат да направат компромис, секоја кривина да ја фатат и секој друг за нос да го повлечат – но за своите вредности се држат како слеп за стап, дури и тогаш кога отстапувањето од нив би им донело огромна полза.

Е сега: за разлика од нациите и државите, племињата имаат исклучиво прагматични (воглавно непишани) закони.
Ако им е полесно да уловат човек отколку тигар, стануваат канибали.
Ако им се допадне идејата за пљачкосување, уривање и убивање – стануваат вандали.
Ако ги убедиш дека Златното теле ќе им даде бериќет, ќе станат и безбожници, еретици, пагани, што и да е.
Праќаат старци да умрат во планина, каменуваат прељубници, жртвуваат девици на олтари, се шалтаат од матријархат во патријархат по потреба, во другите племиња гледаат смртни душмани со кои (ако треба) уште утре би станале сојузници – сето тоа само заради гола прагма.
Под поимот “добро” тие разбираат се што им носи ќар, под “зло” се што може да им наштети. Кај нив тоа се калкулации, а не морални и филозофски категории.

За разлика од нациите, законите на племињата не произлегуваат како резултат на заеднички консензус, туку за нив одлучуваат поглавиците – тие што ќе кажат, така ќе биде. Поглавиците палат и гасат. Тие кажуваат што чини, што не чини. И утре ако згрешат, или го сменат ставот – пак се во право, и племето пак мора да ги слуша и да одобрува.

Интересно: речиси секогаш низ историјата, на тие поглавици некоја итра делегација од цивилизација којашто им изгледа примамлива и недостижна ќе им понуди некои шарени стакленца во замена за нешто што изгледа навидум безвезно од аспект на племенските сфаќања….
Поглавиците ќе кимнат со глава, соплемениците ќе вриштат од еуфорија, ќе се накитат сите со стакленца како покондирени тикви сретсело – и после тоа племето ќе исчезне и ќе го проголта заборав, а на негово место ќе никне она што трговците со шарени стакленца ќе посакаат да никне.

И затоа: доколку некој што сте го сметале за умен човек од јавните сфери (интелектуалец, уметник, научник, спортист, политичар, итн.) фати да ви го правда сево ова што се случува во Македонија деновиве и месециве, ич дилеми да си немате дека тој некој е племенски мозок поткупен со шарени стакленца.

И не губете време да му објаснувате и докажувате – тоа што тие го создаваат не е државна творба, туку племенска територија. Отаму државотворните принципи кај нив не важат. Нивната кула од песок не е создадена врз морални и цивилизациски вредности, туку врз најбанална на-ти-го-дај-ми-го проституција (засега ментална и духовна, но наскоро и физичка).

И затоа таа нивна северна творба нема друга иднина освен да пропадне.

Заедно си сите кои живеат во неа, и невини и виновни.

Тоа е. Да не се лажеме.

Какво епско ѓубре од човек! Се иселил со цела фамилија во Америка и тоа во најбогатиот дел од Америка, Лос Анџелес, Калифорнија, и од таму од далеку ни соли памет што да сме правеле. Па уште и дели совети кој бил курва а кој чесен, он најде да збори, ѓубре платеничко, се што има постигнато во филмаштвото е поради државни грантови, и првиот филм поради блискоста со СДСМ и вториот и третиот поради блискоста со ВМРО ДПМНЕ, па дури и Скопје 2014-та го промовираше на големото платно.

Цели 10 години додека лудуваше режимот на Грујо никаде го немаше да напише колумна, и кога пишуваше во Нова Македонија, одбираше теми ЈА НИСАМ ОДАВДЕ!

И сега кога сами се ослободивме, и кога конечно тргнавме кон НАТО и ЕУ, ова ѓубре најде да ни соли памет, како да сме терале, што да сме правеле.

Нека дојде копилето тука да живее со 300 евра плата и нека живее овде со овие стандарди на живот а не во Америка, па тогаш нека збори што треба и како треба.

ЃУБРЕ АРОГАНТНО ПОЛУИНТЕЛЕКУТАЛНО!!!