КАЕВСКИ : ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БЕА СЕРИОЗНИ САМО АКО ИМ СЕ ИЗВИНЕА НА ГРАЃАНИТЕ ЗА ЛАГИТЕ СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

0
528

„Очекував барем некој од ВМРО-ДПМНЕ да излезе пред камери и да се извини на граѓаните за сите лаги што ги пласираа изминатиот период. Не нас, на пратениците, но очекував дека барем пред граѓаните ќе се извините“ рече пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека невкусно е да се лаже македонскиот народ за наводна асимилација и продавање на јазикот, а сега да се тврди дека тоа е нормално. „СДСМ во целиот овој период презема сериозни чекори, додека ВМРО-ДПМНЕ за ситни политички поени велеше дека ќе се асимилира македонскиот народ кога се гласаа заклучоците за преговарачката рамка. Истото го кажувавте и за македонскиот јазик, а сега е поинаква ситуација“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ додаде дека доколку владата го слушаше Мицкоски целиот овој период државата ќе имаше загуби. „Често слушавме изјави од Мицкоски кои не излегоа така. Прво велеше да купиме повеќе гас, затоа што ќе поскапи, но тоа не се случи. Доколку го послушавме ќе имавме големи загуби. Велеше дека цената на струјата ќе се зголемува, но тоа не се случи“ рече Каевски.