КАЕВСКИ : ВЛАДАТА Е СИЛНО ФОКУСИРАНА НА СПРАВУВАЊЕ СО ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗИТЕ, СТОПАНСТВОТО НЕ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВО ВАКВИ ОКОЛНОСТИ

0
638

Потребна е конструктивна опозиција, затоа што се соочуваме и со здравствена и енергетска криза, со заеднички пристап кон овие важни прашања и проблеми, можеме да понудиме подобар сервис за граѓаните, истакна пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека таква опозиција, за жал нема во моментов, а немаше таква опозиција во целиот период на криза, туку напротив опозиција која буквално кочеше и опструираше се што е важно за граѓаните, а сега бара предвремени парламентарни избори.

Парламентарните избори значат нови кочници и блокади на македонското стопанство, кое не може да си дозволи предвремени избори бидејќи се соочуваме со енергетска и здравствена криза, нови блокади, оспорувања и кочници на системот, кои ќе доведат до пропаѓање и губење на работни места нагласи Каевски, додавајќи дека следните избори ќе бидат редовни, во 2024 година.

Пратеникот од СДСМ додаде дека Владата во овие моменти е силно фокусирана на справување со последиците од кризите, бидејќи само така може да се покажe на граѓаните дека политичарите се фокусирани на решавање на проблемите, а не на евтини и ситни политички поени за доаѓање на власт.