Кадриу: Иванов може да оди на кафе во Уставен, но не и за толкување на Уставот

0
1566

Во моментот претседателот Ѓорге Иванов е на консултации со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски, во врска со тоа на кого да му го додели мандатот за формирање на влада, откако претходно мандатарот Никола Груевски не поднесе предлог за состав за нова влада, ни програма.

Сепак, како што неофицијално го информираат „Фокус“ судии од Уставниот суд, овој суд формално нема надлежност да го толкува Уставот, а истиот став го дели и Осман Кадриу, универзитетски професор по Уставно право.

-Претседателот Иванов во Уставниот суд може да оди на кафе, но не и официјално да бара мислење, зошто Уставниот суд нема надлежност да го толкува Уставот. Одењето таму е безпредметно, бидејќи ниту претседателот на судот, индивидуално, ниту сите судии заедно немаат право на седница да го толкуваат Уставот. Претседателот си има свои советници и со нив треба да се консултира, вели за „Фокус“ професорот Кадриу.

Тој додава дека ситуацијата во случајот е кристално јасна.

-Уставот е јасен и треба да се применува како што е, односно претседателот мандатот треба да го додели на друга политичка опција, која исто така има освоено голем број на гласови, а во случајот тоа е СДСМ, или нивниот лидер Зоран Заев, дециден е професорот Кадриу.