Кавга во НСДП, Тито Петковски ја злоупотреби позицијата, многу ме разочара, тврди Јосифовски

0
1195

Поранешниот пратеник, Љубомир Јосифовски, поднесе кандидатура за нов претседател на НСДП, вели дека досегашниот и иден лидер на партијата, Тито Петковски, ја злоупотребил својата позиција.

Тензично поминала денешната седница на Централниот одбор. Јосифовски се побунил откако членовите донеле одлука Петковски да биде единствен кандидат на Конгресот кој ќе се одржи на 13 мај. Петковски, вели тој, со притисок врз членовите издејствувал да донесат одлука која е спротивна на статутот на партијата.

Повеќе за ова на ФОКУС.МК