И ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ВЛЕГУВА ВО ТРКАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

0
1257

ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски и Граѓанско-демократската унија на Петар Колев разговараат на претстојните претседателски избори да настапат со заеднички кандидат, дознава Плусинфо од партиски извори.

Според нивните анализи, од имињата кои се форсираат во јавноста, реално досега нема десничарски кандидат за функцијата шеф на државата. Поради ова, ВМРО-НП и ГДУ преговараат на претседателските избори да истрчаат со кандидат од десничарска провиниенција.

Според наши извори, заедничкиот кандидат ќе се избира помеѓу претседателот на ВМРО-НП и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, професорот на Електро факултет и поранешен амбасадор на Македонија во  Германија, проф. Горан Рафајловски и поранешниот портпарол на Министерството за одбрана и Владата на Георгиевски, Ѓорѓи Трендафилов, кој во моментот е претседавач на Националниот Комитет на ГДУ.

Засега нема информации дали Георгиевски во меѓувреме се премисли, бидејќи тој неодамна во телевизиско интервју рече дека ВМРО-НП не размислува да настапи на претседателските избори, но дека партијата ќе учествува на евентуални предвремени парламентарни избори.