И, сега, за чиј политички интерес рекетирал Кичеец?

0
927

Мора многу да ги погодил објавениот разговор помеѓу Кичеец и Мицкоски, за опозицијата веднаш да превземе „ургентни мерки“ за ограничување на политичката штета со контра-објавата на кафеанските муабети на Заев.

Од една страна, многу е интересно кој е ликот што го провоцира и го снима Заев во разговорот, за овој да „истресе“ неколку кафеански „зелени“ во неговиот познат „другарче“-стил, па на тоа да додава и непромислени ФБ-статуси од кои допрва ќе има политички штети; но, од друга страна, уште поинтересно е кој го снимал, а потоа и го објавил разговорот во трилингот Мицкоски-Кичеец-Алексовска, со што уште еднаш се потврдува дека лидерите на политичките партии немаат право на приватност дури ни за време на ручек, тренинг во теретана или кога оперативно координираат избори.

Точна е проценката на ВМО-ДПМНЕ дека разговорот меѓу Мицкоски и неговите партиски соработници е многу штетен за текот на аферата „Рекет“. Во неа тие вложија многу ресурси и уште повеќе надежи. Таа штета има неколку димензии…

Дури и пред оваа објавена снимка, секому му беше јасен, најблаго речено, проблематичниот кредибилитет на Кичеец во целата „заврзлама“ во „Рекет“. Откако судски се ислушаа сите докази и на обвинението и на одбраните, за голем дел од јавноста – за Обвинителството е предоцна – останува впечатокот дека, оригинално, се работи за добро разработена шема за обид за поткуп во СЈО во предметите во кои е имплициран наводно (подоцна) рекетираниот; но, кога тој обид не вродил со плод, направена е „заменa на тези“ со „помошното“ сценарио за наводно рекетирање. На таа „јадица“ се уловил првообвинетиот, со алчност со големина на сом-капиталец, а потоа со помош на домашни и странски безбедносни фактори и силна медиумска пропаганда, вешто е исконструиран правен случај со амбициозен обид за вмешување и на други, покрупни политички „сомови“.

Но, ваквото сценарио цело време стои на правни „кристални нозе“: во недостаток, како што се уверивме во судскиот процес, на уверливи материјални докази, сè е потпрено врз кредибилитетот и на обвинетите и на наводно оштетените и нивните спротивставени јас-реков-ти-рече сведоштва. Главниот (што би се рекло, “go-between”) оперативец во целата конструкција е токму Кичеец, кој побрза да ја признае вината и денеска шета на слобода.…

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја ОВДЕ