И ПАБЛО ЕСКОБАР ПРАВЕШЕ ВАКА ВО КОЛУМБИЈА – ОБЈАВУВААТ ЛИЧНИ ПРИКАЗНИ ЗА НАВОДНАТА ХУМАНОСТ НА КАМЧЕВ И БАРААТ НЕГОВА СЛОБОДА, ИАКО ЧОВЕКОТ СПОРЕД ОЈО ИМА УКРАДЕНО ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ!

0
1427

Од пред три дена на социјалните мрежи е актуелна групата насловена „Слобода за Јордан Камчев“ во која негови пријатели, соработници, но и вработени во неговите компании му ја даваат поддршката на обвинетиот бизнисмен и бараат негово ослободување.

Се објавуваат фотографии од приватни албуми, на кои Камчев е фотографиран за време на настани со некои од неговите поддржувачи, но истите објавуваат и неслушнати приказни во кои раскажуваат за свои случки од животот, кога бизнисменот им помогнал во некоја тешка ситуација.

За три дена групата има околу 1.100 поддржувачи, а најчестата порака која ја објавуваат е дека треба да му се даде можност да се брани од слобода.

Бизнисмени, лекари, луѓе вработени во неговите компании, модели кои своевремено соработувале во неговите модни кампањи за „Орка“, лица кои тврдат дека им помогнал кога им било потребно лекување во „Систина”, граѓани кои се нашле во неповолна финансиска ситуација, а кои раскажуваат дека Камчев им пружил помош, се само дел од оние кои се дел од групата.

Како админи на истата се наведени Ана Атанасовска и Александар Николиќ, а модератор е Кристина Камчева.

Инаку, бизнисменот Камчев половина година е во притвор во Истражниот затвор во Шутка, а пред три дена даде исказ во судот и се изјасни дека не се чувствува виновен за случајот „Плацевите на Водно“ за којшто го гони Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Рече дека обвинението е монтирано, а тој бил човек кој вработувал 3.000 луѓе, плаќал дваесеттина милиони евра даноци, а делото ,,перење пари” кои му се товари него, но и на неговата мајка Ратка Камчева, порача дека било монтиран обвинителен акт.

Инаку оваа стратегија е позајмена од рецептурата на славниот нарко бос Пабло Ескобар, тој прво се рекламираше во Колумбија како народен човек кој им помага на сиромашните па стаса до пратеник во конгресот на Колумбија, за откако тоа не му успеа да се спаси од затвор, да премине на план б – тероризам со поставување динамит пред судовите и федералните згради убивајќи стотици судии, обвинители, новинари и невини цивили.