И ОВОЈ ЧОВЕК САКА ДА БИДЕ ПРЕМИЕР – АПАСИЕВ БЛУЕ СО ОТРОВНА АЛБАНОФОБИЈА: ГО ТЕРА НАРОДОТ ДА НЕ ОТВОРА ВРАТА ЗАТОА ШТО ПОПИСОТ БИЛ ДЕЛ ОД ПРОЦЕСОТ НА ГОЛЕМА АЛБАНИЈА?!?!

0
1149

Апасиев на медиумите и на социјалните мрежи овие денови вреска и блуе со отровна албанофобија, како воопшто човекот мисли со вакви ставови и вакво однесување еден ден да стане премиер?!?!

Зарем мисли дека во 2021-ва, 20 години по рамковниот договор, дека е можно некој да направи влада без алнбнански партии?!?!

Која албанска партија би коалицирала со ваква анти албанска будалетинка?! Замислете тој тврди дека пописот е дел од некаков таен заговор за голема Албанија?!?!

И ги тера своите фанови, симпатизери, членови на ЛЕВИЦА да ризикуваат да бидат казнети со дебели казни затоа што ако се попишеле ќе помогнеле да се формира Голема Албанија?!?!

Овој човек пати од некоја параноја која е нездрава. Да спречуваш операција која 20 години сме ја немале и е неопходна за развојот на земјата меѓу другото и баш на оние структури на општеството за кои Левица би требало најмногу да се грижи а тоа е сиромашни, болни, инвалиди итн да знае државата што се случува на терен за да може да алоцира средства и човечки ресурси итн итн…

Просто е неверојатно колку е забеган овој човек и колку е опасен и токму поради таа негова непресметливост тој е популарен кај оној радикален десничарски дел од јавноста но тоа во исто време е и клетва за него, никогаш нема да стане дел од власт со вакви радикални испади полни со албанофобија!