И Албанците го креваат гласот – БЕСА: Ги поддржуваме протестите против режимот

0
1702

Соопштение на БЕСА:

Вчера (сабота – 16.04.2016) се собра Централното Претседателство на Движењето БЕСА, која – меѓу другото – дискутираше и за протестите кои се одржуваат деновиве во Скопје.

Повикувајќи се на претходните заклучоци донесени од Централното Претседателство на Движењето БЕСА, како и на ставот на САД и ЕУ дека не се исполнети неопходните услови за фер и демократски избори, но и на фактот дека Претседателот на државата за малку ја укина работата на Специјалното Јавно Обвинителство, па дури и го стави во опасност и самиот Договор од Пржино, затоа Движењето БЕСА одлучи да ги поддржи сите активности на цивилното општество кои се организираат со цел спречување на одржувањето на изборите на 5 јуни, како и да се спасат веќе урнатите институции на државата и да се возврати демократијата во земјата.

Заради овие причини, и исто така имајќи во предвид дека овој режим е докажан и како антиалбански, анти-НАТО и анти-ЕУ и кој ја зграпчил политичката волја на Албанците – опфакајќи ги албанските владејачки партии, Движењето БЕСА ги поддржува овие протести бидејќи тие се последниот начин за спасување на земјата и враќање на демократијата.