ИСПЛАТЕН ДОЛГОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ ОД 4 МИЛИОНИ ЕВРА СО ШТО СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПРИХОДИТЕ И СО МАКСИМАЛНИ ЗАШТЕДИ, ИСТАКНА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ

0
516

По речиси пет години, Општина Карпош од 10 август има деблокирана сметка, соопшти денеска градоначалникот на општината, Стевчо Јакимовски. Првиот човек на Карпош информираше дека за овие девет месеци откако е повторно на функцијата, исплатени се 154.235.000 денари блокади, како и 2 милиони евра друг долг.

– Во моментов долгот на Општина Карпош изнесува 87.500.000 денари со 10.500.000 ДДВ, или вкупно околу 100 милиони денари, (1.5 милиони евра). Кога повторно дојдов на чело на локалната самоуправа на 4 ноември, општината имаше долг од 5.5 милиони евра, значи до сега сме вратиле 4 милиони евра и имаме деблокирана сметка, изјави Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош истакна дека покрај тоа што општината ги зголемила приходите исто така максимално штедела.

– Штедевме на електрична енергија, на начин на кој што сега го применуваат и други градови во Европа. Неодамна прочитав дека Келн после 11 часот ќе гаси улично осветлување. Немаме денар потрошено за репрезентации. Не користам службено возило, многу ретко. Не користам службен телефон. Немам службени патувања… се што можевме да заштедиме- заштедивме. Очекувам до Нова година долговите да ги спуштиме на околу петстотини до шестотини илјади евра, рече тој.