ИСКУСНАТА НОВИНАРКА КОЈА ДОСЕГА БЕШЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА СИТЕ МИНИСТРИ ЗА ЗДРАВСТВО, МЕНЧЕ ТОЧИ СТАНА ПОРТПАРОЛ НА ФЗУ

0
1426

Драги пријатели и непријатели 🙂 Сакав да ви соопштам нешто јавно, кога ќе дојдеше момент. Но, бидејќи почнаа да сатанизираат на Твитер, на официјален документ на Агенција за администрација, ве известувам:

По многу години поминати во новинарството, по многу труд, непроспиени ноќи, работење и за празник и делник, безброј истражувања, добиени највисоки награди, вклучувајќи ја и таа за Животно дело, можеби е време моето знаење и искуство да го насочам на друго место каде ќе бидам од помош, кон институција која е клучна за осигурениците и лекарите- Фонд за здравствено осигурување.

Конкурирав регуларно, на оглас кој беше објавен во три дневни весници, ги поминав сите тестови и писмени и усни што беа за раководно лице и треба да бидам Раководител на одделение на Сектор за комуникации и административна поддршка. Немаше друг пријавен за ова раководно место, односно немаше противкандидат за да ги одмериме силите и бодовите во Агенцијата, кои кај мене како што се гледа и не се малку.

Уште сум на моето работно место во 24 тв, ќе заминам на новото кога ќе завршат процедурите. Втора и многу важна работа која ме натера да се откажам од мојата голема љубов– новинарството, е токму лошата состојба и непрофесионализмот кој се повеќе го има, а уште повеќе-добар дел од граѓаните со нивниот говор на омраза и навреди.

Иако, непосредно пак, ќе бидам поврзана со медиумите
Помогнав на многу луѓе, таму каде можеше, извршив притисок да се сменат закони и некои работи во здравството.

Се надевам еден ден, по пензионирање, ако имам желба ќе се вратам со пишување колумни или емисија или пак, со книга.

Дотогаш, да сме здрави и живи! Ништо повеќе, не треба! Ви благодарам на поддршката.

Фејсбук статус на Менче Точи.