Снајперист од британските специјални воздушни сили застрелал припадник на ИСИС додека се подготвувал да му ја отсече главата на еден маж и неговиот син.
Гo застрелал со прецизен погодок во глава на далечина од илјада метри, известија медиуми.
Откако го спасил престрашениот осумгодишник и неговиот татко, снајперистот погодил уште двајца милитанти кои го обезбедувале местото на егзекуција. Три убиства со три куршуми.
Драматичното филмско спасување на таткото и синот се случило во близина на границата на Сирија и Турција.
Think.Mk